„Фридом хаус“ ја рангираше Македонија како „делумно слободна“ држава

25

Македонија во најновиот извештај на „Фридом хаус“ насловен „Слободата во светот 2023“, има годишен индекс на слободата од 68 од можни сто поени, што е напредок од еден индексен поен во споредба со лани. И покрај тоа со години по ред Македонија влегува во групата на „делумно слободни“ држави, какви што се 54 во светот, покерај 84 слободни и 57 неслободни.  Во истата група се и повеќето земји во регионот, при што Србија бележи пад и има 60 поени, исто колку и Косово кое, пак, има напредок од четири поени. Албанија и Црна Гора имаат оценка 67, Бугарија 79, Хрватска, 84 и Грција 86.

Во однос на демократскиот статус конкретно Македонија е рангирана во групата на држави во транзиција или хибриден режим, нешто што исто така се провлекува во нашите оценки од „Фридом Хаус“. реално од 2017 година, јкога Македонија го допре дното со 57 поени напредува редовно, но многу малку, со по еден поен годишно.

Највисок индекс на слободи „Фридом хаус“ во најновиот извештај забележува дека глобалната слобода се намалува 17-та година по ред. Руската инвазија доведе до катастрофални нарушувања на човековите права во Украина, а новите преврати и други обиди за поткопување на избраните власти ги дестабилизираа Буркина Фасо, Тунис, Перу и Бразил, оценува организацијата.

Земји со најголеми слободи во светот се Шведска, Норвешка и Финска со маскимални 100 поени, САД имаат 83, Русија 16, Кина 9, а Украина 50. Најнеслободни држави се Северна Кореја со три и Сирија со еден поен.

Генералната оценка на „Фридом Хаус„ е дека во светот слободата се намалува и уназадува
17-та година по ред. Војната на Русија доведе до уништување на човековите права и до
злосторства во Украина. Нови државни удари и други обиди за тоа ја поткопаа демократијата во Буркина Фасо, Тунис, Перу и Бразил. Претходните државни удари и тековните репресии ги намалија основните слободи во Гвинеја и ги ограничија во Турција, Мјанмар и Тајланд, меѓу другите. Две земји претрпеа намалување на рејтингот во нивниот целокупен статус на слобода: Перу се пресели од слободна во  делумно слободна држава, а Буркина Фасо се пресели од делумно слободна во неслободна.

Борбата за демократија, според оценката, се ближи до пресвртна точка. Јазот меѓу бројот на земји што регистрирале севкупни подобрувања во политичките права и граѓанските слободи
и оние кои регистрираа вкупен пад за 2022 година е најтесниот забележан во 17-те години глобално влошување на слободата и демократијата. Триесет и четири земји направија подобрувања, а бројот на земји со пад ( 35) е најмалиот забележан од почетокот на негативната шема. На оценката влијае и повлекувањето на ограничувањата поврзани со пандемијата. Додека авторитарците остануваат крајно опасни, тие не се непобедливи. Настаните од годината покажаа дека автократите се далеку од непогрешливи, а нивните грешки обезбедуваат простор за демократските сили.

Ефектите од корупцијата и фокусирањето на политичката контрола на сметка на компетентноста ги прошири границите на авторитарните модели што ги нудат Пекинг, Москва,
Каракас или Техеран. Во меѓувреме, демократските сојузи покажаа солидарност и енергичност.

Изминатата година донесе повеќе од истото со медиумите чија слобода е под притисок во најмалку 157 земји и  територии во текот на 2022 година.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content