СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

Јапонската амбасада објави повик за дизајн на лого за 30-годишнината од дипломатските односи меѓу Македонија и Јапонија

Амбасадата на Јапонија објави јавен повик за изработка на лого за 30 години од дипломатски односи помеѓу двете земји.

Целта на овој натпревар е да се вклучат дизајнерската заедница, професионалци од областа на графичкиот дизајн и уметници, креативни ентузијасти, како и млади таленти во Северна Македонија да создадат заедно со Амбасадата на Јапонија дизајн кој ќе ја долови суштината на овој многу важен пресврт во односите помеѓу нашите две земји.

Концептуалното решение треба графички и симболично да го покаже пријателството помеѓу двете земји и заедничките вредности кои ги споделуваме. Треба да има можност да се користи на печатени документи и брошури, како и на веб-сајтови и социјални медиуми.

Највисоко оценети ќе бидат оние идејни решенија кои ќе бидат едноставни, модерни, но со значење. Изборот ќе биде направен од претставници на јапонската амбасада во Северна Македонија.

Секој учесник може да поднесе едно или најмногу три идејни решенија. Концепт решенијата се поднесуваат на email адресата [email protected], не подоцна од 20 октомври 2023 година (полноќ). Покрај концептуалното решение, неопходно е да се наведат податоци за креаторот – име и презиме, телефонски број за контакт.

Апликантите ќе треба да вклучат краток опис на нивниот дизајн и инспирација кога го поднесуваат својот предлог.

Основни технички барања:

– Графички предлог за лого и неговите предложени употреби (Логото треба да биде во векторски формат.)

– Независно авторство на сите елементи – ако се користат дополнителни елементи, тие, исто така, треба да бидат поднесени како посебни графички елементи.

Ако фајлот надминува 10MB треба да користите надворешен линк за преземање.

Препорачани графички формати: .pdf .ai, .png

Со поднесувањето на вашиот дизајн, вие се согласувате авторските права на победничкиот дизајн да се префрлат на Амбасадата на Јапонија, овозможувајќи им користење, менување и дистрибуирање на логото за промотивни и славенички цели.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content