Формирано е ново здружение на тутунопроизводители

51

Бидејќи, како што велат се чуствуваат изманипулирани од досегашни нивни претставници. Тврдат дека имаат 12 илјади членови и поради тоа денеска ги предадоа документите во Централниот регистар.

Здружението се вика „Тутунска надеж“ и имаат за цел да станат значаен социјално економски партнер пред надлежните институции за да ги решаваат прашањата и проблемите на тутунарите.

 

Познавачите на приликите велат дека според бројот на договорите во земјава има над 25 илјади семејства кои произведуваат тутун.

Во некои сојузи има по некое тутунско здружение, но факт е дека од околу триесетина кои ги има тврдат дека исто како да ги нема. Затоа треба да се направи еден сојуз на тутунските здруженија кој ќе биде сериозен социјално економски партнер во услови кога во Македонија се произведуваат над 23 илјади тони тутун.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content