ФИТР го објави најобемниот повик годинава

40

Парите се достапни за домашните претпријатија кои имаат проекти со јасна комерцијална цел и кои се во фаза на прототип, па сѐ до преткомерцијална фаза. За претпријатија чиј просечен број на вработени е до 50 вработени и чиј годишен приход во последните две години е помал од 2 милиони евра, финансирање до 70% од вкупниот буџет на проект.За претпријатија чиј просечен број на вработени е од 50 до 250 и чиј годишен приход во последните две години е поголем од 2 милиони евра, а помал од 10 милиони евра, финансирање до 60% од вкупниот буџет на проектот.

Ова е деветти повик на ФИТР со што уште еднаш се потрвдува дека оваа институција е вистински дом за поддршка на креативни и иновативни проекти на млади луѓе и фирми, стартапи, мали и микро компании кои имаат план за раст и развој, потенцираа Битиќи и Петров.

Би сакал да ги повикам и охрабрам сите стопанственици, млади луѓе, кои имаат идеи за развојни проекти, да се пријават. Јавниот повик е одлична шанса да ја забрзаме динамиката на вашите идеи, да го унапредите производството, да ги зголемите асортиманот, продуктвноста и продажбата, а со тоа да придонесете за креирање уште подобро економско опкружување во земјава, истакна Битиќи.

Рокот за аплицирање е до 15.10 годинава.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content