Филхармоничарите ќе протестираат пред Владата

68

Синдикатот на Филхармонија најави нов протест за денеска од 14 часот пред Владата бидејќи се уште не е променета одлуката за просторно сместување на втора институција во објектот кој, како што наведува, е наменски изграден за единствениот симфониски оркестар во земјава.

Пред неколку недели побаравме средба со премиерот, но од Владата ниту одговорија на нашето барање, ниту, пак, се заложија за промена на штетната одлука. Вработените денеска ќе протестираат со инструменти, без разлика на временските услови, под шатори, кои ќе бидат поставени на улицата пред Владата, информира синдикатот.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content