Фестивалот „Поточиња“ во сабота на „Школка“ во парк

8

Влезот е слободен, а фестивалот ќе се одржи согласно протоколите за одржување на настани, информираат организаторите.

„Најмили наши другарчиња, деца и родители, баби и дедовци, со голема возбуда и неизмерна среќа Ве известуваме дека дојде денот после долго време “Поточиња” повторно да потечат на сцената специјално за Вас. Ве покануваме заедно со нас да се забавувате на новото 18. издание на фестивалот кое со многу љубов и труд го подготвувавме изминатиот период“ – сти во поканата од организаторите на детскиот фестивал.

 

Детскиот фестивал “Поточиња” на македонската сцена за првпат се појави во 2004 година. Своето прво издание го имаше во Универзалната сала во Скопје и со своите песни за кратко време ги освои срцата на најмалите љубители на музиката. Секоја година редовно со своето одржување ја најавува пролетта.

Поради ситуацијата со коронавирусот, последното 17. фестивалско издание „Поточиња 2020” беше реализирано во онлајн формат.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content