СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Спорт

Новогодишни пакетчиња за најмалите членови на џудо клубот Сеишин

Џудо клубот Сеишин Прилеп во соработка со Детската Амбадасада За сите деца во светот, на своите најмали членови деца и помлади пионери (момчиња и девојчиња) им доделија новогодишни пакетчиња.

И двете организации  се заложија и во идната 2022 соработката да продолжи на уште повисоко ниво!!!
Инаку, Џудо клубот Сеишин Прилеп со ова ја завршува сезоната на тренинзи и натпревари за 2021 година при што следува преоден период односно зимски распуст на членовите на клубот за време на претстојните празници.
Џудо клубот Сеишин Прилеп ја користи оваа прилика на сите граѓани да им ги Честита претстојните Новогодишни и Божиќни  празници а на сите спортисти остварување на повисоки спортски резултати во новата година!!!
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content