УЈП: 245 фирми зеле субвенции, а не ги исплатиле вработените за ноември

46

Скоро 800 вработени не ја добиле ноемвриската плата и покрај тоа што нивните работодавци добиле финансиска помош од државата од над 12 милиони денари. Иако претходно бројот на работодавци бил дупло поголем, по опомената од УЈП сега нивниот број е 245. Ако во рок од една недела не ги исплатат платите на вработените ќе следи присилна наплата и блокада на нивните трансакциски сметки. Најголем дел од овие фирми се од Скопје, а другите се од Тетово и Гостивар.

Веќе во тек е присилната наплата кај 17 компании кои и покрај опомената за октомври не исплатиле плати а на сметка добиле државна финансиска помош. А вкупниот број на компании кои не исплатиле плати за април, мај или јуни е 125 и за нив веќе се поднесени кривични пријави до Јавното обвинителство.

 

Лукаревска додава дека се работи за злоупотреба на државна помош, па затоа ќе се бара одговорност.

Во меѓувреме 30 даночни обврзници се посетени од инспекторатот за труд околу финансиската поддршка. Листата на новите неисплаќачи ќе биде доставена до генералниот секретаријат на Владата за да се објави во понеделник.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content