Според најавата од министерот Венко Филипче, тројца пациенти се подготвувале ноќеска за трансплантација на органите – срцето и бубрезите од донорот. Тоа е четврта трансплантација на срце во земјава од минатиот мај.
– Тројца пациенти се подготвуваат да ги примат органите. Постапката за трансплантација на срцето и бубрезите ќе започне после полноќ, по што ќе следува експлантацијата на коскени ткива. Голема благодарност на семејството за несебичниот гест. Со нивната хуманост спасија три животи и подарија надеж за подобар живот на неколку пациенти кои се лекуваат на Клиниката за ортопедија, напиша министерот Филипче на Фејсбук.
Претходно, неколку часа екипите за трансплантација од повеќе клиники работеа на подготовка на донорот и реципиентите. Целата постапка ја водат болничките координатори од КАРИЛ заедно со Министерството за здравство. хс/