Успехот на договорот за минимални плати ќе биде пример за другите европски земји

34

Од Синдикатот се надеваат дека ова ќе придонесе и за скалесто зголемување на сите останати плати.

-Сојузот на синдикатите на Македонија го темелеше својот предлог на стручни економски анализи, а воедно беше покажана огромна одлучност од нашето членство и на тој начин се постигна успех којшто ќе биде пример и за други европски земји поради тоа што висината на минималната плата од 62 проценти е највисокиот износ на минимална плата и за европски услови во споредба со просечната плата, се наведува во соопштението.

Од ССМ посочуваат дека поддршка имале и од останатите синдикати, како и од дел од политичките партии и пратеници кои согласно нивните деловнички можности поднеле предлог-измени за минималната плата во Собранието.

-Владата на Република Северна Македонија предводена од СДСМ и коалицијата за цело време на траење на процесот на социјалниот дијалог покажаа дека ги препознаваат аргументите и анализите на ССМ за зголемување на минималната плата и останатите плати и застана рамо до рамо со работниците за нивните егзистенцијални потреби особено во оваа ковид, економска и енергетска кризна година, велат од ССМ.

Оттаму посочуваат дека работодавачите нема да бидат оштетени со зголемувањето на минималната плата, туку напротив ќе се зголеми продуктивноста на трудот, а со тоа ќе се зголеми и производството во компаниите.

– Работодавачите се наш социјален партнер и досега проблемите сме ги разрешувале по пат на социјален дијалог, а со покачувањето на минималната плата нема да бидат оштетени, напротив научните истражувања покажуваат дека со покачувањето на минималната плата ќе дојде до зголемување на продуктивноста на трудот, а со тоа и зголемување на производството во компаниите, нешто на што заеднички ќе работиме, а на тој начин ќе се создадат балансирани односи помеѓу трудот и капиталот што е неопходен услов за развој на економијата и општеството, се вели во соопштението од ССМ.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content