СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Спорт

Успешен настап на македонските каратисти на турнир во Србија

Македонската репрезентација во традиционално карате изминатиот викенд имаше успешен настап на меѓународниот карате турнир во Крушевац освојуваќи вкупно 26 медали од кои 9 златни, 10 сребрени и 7 бронзени медали, соопштија од МТКФ.

Македонската репрезентација броеше вкупно 13 каратисти а најуспешни беа: Мила Саздова, освои 2 златни медали во фукуго и кого- кумите, сребрен медал во ката тим со Марија Гушкова и Мила Младеновска и трето место во кати поединечно во јуниорска конкуренција. Камелија Недев освои 2 златни медали во џиу ипон кумите и ката тим со Софија Јарчевска и Ана Шаневска во категорија деца 10 години. Филип Недев освои 1 златна во кихон ипон кумите и 1 сребрен медал во кати за деца 8 години. Мила Младеновска освои 2 златни медали во кого-кумите и фукуго за кадетки, 2 место во ката тим со Марта Димковска и Изабела Пренковска, како и бронзен медал кати поединечно во кадетска конкуренција. Матеј Мангаровски и Борјан Синадиновски освоија по еден сребрен и бронзен медал во кати и џиу ипон кумите. Софија Јарчевска, Марта Димковска, Ана Шаневска и Максим Поп Трпев освоија по еден сребрен и бронзен медал во кати и џиу ипон кумите во категорија за деца до 12 години. Македонската репрезентација беше прогласена и за најуспешна екипа на турнирот според бројот на освоени медали. Камелија Недев, Филип Недев и Софија Јарчевска според организаторот беа прогласени за најдобри каратисти на турнирот во категоријата деца.

На турнирот учествуваа над 600 каратисти од седум држави, а турнирот беше организиран во чест на славниот србски каратист, Оливер Томиќ кој во минатото за време на бившата држава во првата Југословенска карате лига настапуваше за карате клубот Работнички, Скопје.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content