Култура
УКЛО-Битола придружен член на Универзитетската агенција за Франкофонија
Универзитетот „Св.Климент Охридски" (УКЛО)-Битола стана придружен член на Универзитетската агенција за Франкофонија (AUF) во која УКЛО членува од 2018 година.

Од УКЛО-Битола инfормираат дека одлуката за придружно членство е донесена со усвојување на новиот, реформиран статут на вонредното генерално собрание на АУФ, а со цел понатамошно зајакнување и афирмирање на мисијата и идентитетот на Агенцијата. Со реформите воведени во новиот Статут, УКЛО се стекнува со нов статус, „придружна” членка, кој на Универзитетот „Св. Климент Охридски”-Битола ќе му донесе консултативен/советодавен глас во Генералното собрание на АУФ, нагласуваат од битолскиот Универзитет,
Претходно, од моментот на пристапување, Универзитетот „Св. Климент Охридски”-Битола, во Универзитетската агенција за Франкофонија имаше улога на членка-набљудувач.