Култура
УКИМ одбиле магистерка од Манчестер со образложение дека не знае англиски јазик

- Државата за 7-8 години вложи милиони евра во студенти од Македонија, кои се образуваат во првите сто универзитети во светот. Од нив ниту еден не работи на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје, тврди Атанас Кочов од Машинскиот факултет, еден од кандидатите за нов ректор на УКИМ.
- Ќерка ми студираше и магистрираше во Манчестер (Велика Британија), сега и ќе докторира, а живее и работи во Македонија. Неколку години работи во приватна фирма. Од УКИМ беше одбиена за работа со образложение дека не знае англиски јазик. Тоа стои и во билтенот, дека нема потврда за познавање на англиски јазик, а магистрираше и ќе докторира во Манчестер, дури и е асистент и предавач во Манчестер, вели професорот.
- Тоа што државата го инвестира, тие деца имаат направено мрежа, тие деца имаат контакти, но за жал, најголем дел од нив се останати во странство, рекол Кочов во „Стадион“.