Спорт
УЕФА го “бетонираше“ Сејдини во ФФМ!
На денешното Изборно Собрание на ФФМ, и УЕФА имаше свои високи претставници во Зоран Лаковиќ и Денис Бастари.

Самиот Лаковиќ објасни кој е ставот на УЕФА по се она што се случуваше наназад извесно време меѓу раководството на ФФМ и АМС, но и некои други фудбалски кругови.
Сепак со настапот на Лаковиќ, но и со неговото доаѓање во Скопје, а по изборот и со срдечните честитки кон старо – новиот претседател на ФФМ, едноставно УЕФА го “бетонираше“ Муамед Сејдини на чело на Федерацијата во наредните четири години.
Со тоа ги остави сите оние кои против Мети со подзинати усти.