Тeшка сообраќајка во Битола: Две 18-годишни момчиња со автомобил се судрија со автобус

39

На 25.06.2023 во 19.48 часот било пријавено дека во Битола на крстосницата од ул.“Васко Карангелевски“, ул.“Игњат Атанасовски“ и влез кон паркинг простор од новиот пазар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “шевролет калос“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(18) од Битола и автобус “исузу“ со битолски регистарски ознаки, управуван од Т.Т.(55) од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Д.Ј., а со телесни повреди се здобиле Т.Т. и сопатникот од патничкото возило Б.А.(18) од Битола, констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола – информираат од СВР Битола.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content