СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Акција за пошумување во атарот на манастирот Света Петка во с.Лениште Прилеп

На ден 27.03.2022 година( Недела) Интернационална Полициска Асоцијација Македонија, Регион Прилеп и Џудо Клуб Сеишин Прилеп организираат Акција за пошумување во атарот на манастирот Света Петка во с.Лениште Прилеп.

За оваа акција од нивна страна обезбедени се околу 2000 багремови садници.
Организаторите планираат оваа акција да стане традиционална и секоја година да се прават вакви активности со цел зачувување на животната средина.
Од страна на организаторите исто така за сите заинтересирани кои ќе се приклучат на оваа акција ( а немаат превоз) ќе биде обезбеден и организиран превоз со Зборно место за тргнување Дом на културата Марко Цепенков Прилеп 08.30 часот а додека сите со сопствен превоз треба да бидат во 09.00 часот на лице место, т.е. Манастир Света Петка с.Лениште.
Се Напоменува секој учесник да си понесе  алат за садење(лопата,дурија или казма).
По завршувањето на активноста планирано е заедничко дружење не само на членовите на двете организации туку и на сите присутни кои ќе се приклучат на оваа акција со заеднички ручек во Манастирот Света Петка с.Лениште.
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content