СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Потврден датумот за “Прилеп Фест”

Деветотто издание на фестивалот традиционално ќе се одржи во домот на културата, “Марко Цепенков” во Прилеп, каде учество ќе земат најпознатите музички имиња од фолк сцената, а се очекуваат гости и од соседните земји.

Оваа година, односно на 19 јуни не очекува уште едно одлично издание на реномираниот фестивал за народна музика, “Прилеп Фест 2024”.

Деветотто издание на фестивалот традиционално ќе се одржи во домот на културата, “Марко Цепенков” во Прилеп, каде учество ќе земат најпознатите музички имиња од фолк сцената, а се очекуваат гости и од соседните земји.

Се разбира, шанса ќе добијат и новите музички надежи, бидејќи овој фестивал е одлична можност за афирмација пред љубителите на фолк музиката и широкиот аудиториум.

“Ветуваме одличен фестивал, одлични композиции и најважно пред сѐ, дружење и забава. Ќе настапат познати музички ѕвезди, па за тоа нема да не чуди ако влезниците како и минатите години се распродадат во рекордно време. Оваа година не очекуваат новитети, но рано е уште од сега да откриваме” – велат организаторите.

Не заборавајте, 19 јуни -” Прилеп Фест 2024″ во домот на културата “Марко Цепенков”.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content