Три илјади амандмани на опозицијата за измените во собранискиот деловник

66

Владејачкото мнозинство е тенко, не можат да работат без присуство на другите партии и затоа бараат на седниците онлајн да учествуваат и ковид-позитивните пратеници, велат од опозицијата. Според нив потребен е консензус преку Жан Моне дијалогот кој предвидува преговори за деловнички прашања, во спротивно велат ќе има злоупотреби на системот во период кога се гласаат важни закони.

Опозицијата нема издржани аргументи и единствената цел е блокада на Собранието, обвинуваат од владејачките партии. Велат дека и тие се за заедничко решение, но да се следи примерот на европските држави кои веќе спроведуваат онлајн гласање на пратеници во изолација.

 

Денеска заврши рокот за поднесување на амандманите и почна комисиската расправа за овие измени, откако во четвротокот на пленарна седница власта без опозицијата ја изгласа потребата за скратена постапка. Најмногу забелешки има Левица- 1400 амандмани, ВМРО ДПМНЕ 1350 и Алијанса за Албанците-Алтернатива 300 амандмани. Сите материјали допрва ќе треба да се преведат и на албански јазик.

 

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content