Трик кој секоја домаќинка треба да го знае

56

Постапката е многу едноставна: парче путер или пак една лажица масло за јадење се става на дното од плехот, па потоа со лесни движења се премачкува целата негова внатрешност.

Потоа една лажица брашно се става врз премачканиот плех, а со тапкање на лажицата брашното рамномерно се распоредува на сите страни од плехот. Како што знаеме, врз таквата површина се става тестото да се пече.

Благодарение на оваа постапка откако ќе се испече кората во плехот, истата може многу лесно да се извади. Кога печете чоколадни колачи или пак торта, наместо брашно подобро е да употребите какао во прав.

Не само што таа намирница нема да остави бели траги на вашата кора која што ја печете, туку и на целиот десерт кој го приготвувате ќе му даде нова доза на вкус. Обидете се!

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content