Триесеттина пливачи на годинашниот Охридски пливачки маратон

22

Триесеттина пливачи од светската елита ќе бидат учесници на годинашното 36-то по ред издание на Охридскиот пливачки маратон.

Претставници на Општина Охрид и на Националната пливачка федерација денеска одржаа состанок посветен на почетокот на подготовките за организирањето на годинешното издание на маратонот, при што е разговарано по однос некои од потребните технички и логистички услови за целокупната организација на најзначајната меѓународна спортска манифестација во Охрид и земјата.

На иницијатива на Општина Охрид, Охридскиот пливачки маратон е ставен под закрила на Европската пливачка федерација и ќе се одржува во рамки на Отвореното првенство на LEN, со што се враќа препознатливиот сјај на маратонот како атрактивен настан, интересен за професионалните напреварувачи и врвните пливачки имиња.

На денешниот состанок е најавено дека годинава спортската манифестација ќе биде збогатена со повеќе новитети, како за самите учесници така и за публиката.

Минатата година Општина Охрид ја презеде организацијата на Охридскиот пливачки маратон, за што од општинскиот буџет беа издвоени два милиони денари, како и целосна вклученост на општинските ресурси за успешно организирање на манифестацијата.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content