СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Трибина во Кривогаштани- Договорно производство на пченка

Интерес има, се договара загарантирана цена и начин на откуп.

Вчера во Општинската сала во Кривогаштани беа дојдени земјоделски производители на пченка кои сакаа да слушнат што е она што го нуди компанијата „Голд Ланд“ во проектот договорно производство на пченка.

Овој проект, кој започна за прв пат годинава во Пелагонискиот регион има за цел да им овозможи сигурен пласман и организирано производство на земјоделците кои произведуваат пченка.

 

Сопственикот на „Голд Ланд“, Арбен Абдурахмани им ги објасни условите под кои ќе ја откупува пченката, со простор за заеднички договор околу загарантираната цена која ќе ја пишува во договорот.

-Она што ви нудиме како компанија е гарантиран откуп, со договор во кој ќе има загарантирана минимална цена под која нема да се оди. Доколку цената за време на откупот биде повисока, ние ќе ви ја платиме повисоката цена. Исто така предноста која ја нудиме е плаќање истиот ден кога ќе ја донесете пченката. Доколку е пред 13 часот, парите ќе бидат на ваша сметка истиот ден, ако ја предадете пченката после 13 часот, средствата ќе ги имате следниот ден – изјави Абдурахмани.

Се разговараше за тоа која би била минималната загарантирана цена на пченката. Се дадоа неколку предлози, зависно од трошоците за производство, но преовладува ставот за една разумна цена со која ќе бидат задоволни и производителите и откупувачот „Голд Ланд“.

Во една конструктивна атмосфера се разменија мислења, се споделија искуства, се разговараше за долгорочна соработка која ќе почне годинава.

Договорното производство на пченка го организира Агротим во соработка со Земјоделското здружение „Современо земјоделство“, а со поддршка од страна на МЗШВ и АПРЗ.

И на оваа средба се потенцираше значењето на земјоделското осгурување кое е неминовност кога е сигурноста на земјоделците во прашање. СН осигурителен брокер, како лидери во овој дел, одигруваат значајна улога кај земјоделците со активноста која ја имаат на терен и промоцијата на мерката на државата со која производителите имаат субвенции од 60% од полисата.

Трибините се одлична можност за директна комуникација на земјоделците и откупувачот кои треба да бидат партнери во земјоделското производство. Градењето на довербата меѓу нив е клучот на успехот на проектот Договорно производство.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
Skip to content