Транспортот на гласачките ливчиња чинел 65.000 евра

42

Овој тендер, кој денеска беше објавен на Бирото за јавни набавки, е склучен без претходно објавување на оглас, помеѓу Државната изборна комисија со АД Пошта на Северна Македонија во државна сопственост. Според Бирото за јавни набавки во овој случај биле исполнети условите за спроведување на постапка со преговарање без оглас.

Tранспорт на доверлив и недоверлив гласачки материјал за изборите 2021 од печатница до ОИК и од ОИК до ДИК, се наведува во описот на набавката.

Во договорот пак се наведува дека еден километар е проценет на 46 денари.

Неколку дена пред изборите, во комбиња на Македонски пошти и со големо полициско обезбедување беше организиран транспортот на гласачките материјали од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола каде се печатеше, до општинските изборни комисии. Беа дистрибуирани околу 4,5 милиони гласачки ливчиња и друг печатен материјал.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content