Култура
Традиционален новогодишен концерт на „Танец“
Националниот ансамбл за македонски народни игри и песни „Танец“ вечер во Македонскиот народен театар традиционално, со новогодишен концерт и нова кореографија ќе ја заокружи 2021 година.

На новогодишниот концерт ќе настапи целиот ансамбл и ќе бидат исполнети познатите сценски постановки и кореографски творби како орото „Копачка“, „Шопска петорка“, потоа „Роненка“, „Жетварка“, „Радовишки собор“, како и композиции од богатиот вокално-инструментален репертоар. Ексклузивно на овој концерт премиерно ќе биде претставена и кореографската постановка „Мијачка“ на авторите Марјан Андоновски (кореографија) и Дарко Илиевски (музичка обработка). Ова ново кореографско дело се темели врз личните теренски истражувања на кореографот низ пределот Мала Река.