Терористички напад на ЕВРО 2024

205

Непријатни вести вечерва на првиот слободен ден на Европското првенство 2024 во Германија.

Очигледно е дека Германија се повеќе потфрла од безбедносен аспект во организацијата на шампионот. По бројните упади на терен на сред натпреварите од страна на навивачите, вечерва е, се чини, избегната трагедија од големи размери во Штутгарт.

Како што пишува германски „Билд“, наводно исламски терорист од Срија вечерва во фан-зоната во Штутгарт нападнал и избодел тројца навивачи, од кои еден германски тинејџер и двајца турски државјани.

Полицијата веднаш го уапсила 25-годишениот Сириец, кој на Шлосплац во Штутгарт успеал да изврши напад во навивачката зона, која инаку треба да биде под строга безбедносна контрола. Но, успеал да пренесе ладно оружје во зоната и, со ништо предизвикан, потоа да изврши напад на дел од навивачите. Сепак, за среќа брзо е совладан и спречена е поголема трагедија.


„Се слушна звук како истрел. Сите потрчаа кон излезот од фан-зоната. Некои беа нападнати“ – изјави очевидец на настанот за германските медиуми.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content