Тепачка на тинејџери на концерт во Битола, завршиле в болница а еден итно префрлен во Скопје

20

Тешка физичка пресметка имало синоќа на ракометното игралиште во Битола додека настапувала српската турбо фолк ѕвезда Теа Таировиќ, а според првичните информации, две групи се пресметале со ножеви.

Главно малолетници биле актерите меѓу кои дошла пресметка во која бил употребен и остар предмет. Малолетници се префрлени во Клиничкиот центар во Битола, а едно лице итно е префрлено на скопските клиники.

СВР Битола соопшти дека полициски службеници ги лишиле од слобода С.Б.(19), Д.Ј.(18) и Б.А.(18), сите од Битола, а на службен разговор во полициската станица се повикуваат и други лица поради сомнение за инволвираност во физичка пресметка која е пријавена околу 00.47 часот. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content