Темниот режим за Microsoft Office станува достапен за Word документи

52

Компанијата во својата блог објава истакнува дека како што поминуваме сè повеќе време пред екранот, станува многу важно да го намалиме заморот на очите и да го прилагодиме осветлувањето. Поради тоа, темата Black Office е проширена и на документите, и ова е функција што корисниците долго време ја бараа.

Можете да пристапите до темната тема во Word со одење во File> Account> Office Theme> Black. Во секое време е можно да се префрлате помеѓу темната тема и светлата позадина. Кога ќе се избере темна тема, Microsoft истакнува дека и другите бои во рамките на документот малку ќе се променат за подобро да му одговараат на новиот контраст.

 

Пошироки промени во темниот режим во Word моментно им се достапни на Insider Beta Channel корисниците со верзијата 2012 (Build 13518.10000). Доколку тестот помине без проблеми, истата функција ќе стигне и до корисниците на стабилната верзија.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content