СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Технологија

Милиони корисници ќе останат без Google Chrome поддршка

Терминот е закажан за 2022. година!

Најпопуларниот интернет пребарувач Google Chrome нема да биде достапен за повеќе милиони компјутери низ светот. Причината за тоа е што Google сака да ја прекине поддршката за оперативниот систем Windows 7.

Тоа значи дека сите оние кои сакаат да користат Google Chrome на своите компјутери имаат рок до јануари 2022 година. По тој период корисниците ќе мора да инсталираат Window 10 за да го користат овој интернет пребарувач.

 

Крајниот рок е преместен за шест месеци поради пандемијата со коронавирусот. Поддршката за овој оперативен систем ќе заврши на 15 јануари 2022 година.

Ваквата одлука е  донесена затоа што ни од Microsoft не сакаат веќе да дадат поддршка за Windows7. Секој кој ќе го користи овој оперативен систем се става во ризик од безбедносни причини.

Навистина е неверојатен фактот дека голем број корисници го користат овој оперативен систем. Според NetMarketShare, дури 20,93 проценти од компјутерите имаат пристап до интернет.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content