Локално
Асфалтирана улица – „Мирче Ацев“
Општина Прилеп ја продолжува градежната активност за рехабилитирање и асфалтирање на улици во градот.

Деновиве, нов асфалт доби улицата „Мирче Ацев“. Се асфалтираше површина од околу 2.300 метри квадратни.
Наша обврска е одржување на патната инфраструктура. Ќе продолжиме да работиме во интерес на потребите на граѓаните, посветено и одговорно изјави Градоначалникот Борче Јовчески.



