СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Продолжуваат инспекциските контроли во маркетите

Инспекциските контроли со засилено темпо ќе продолжат и во следниот период а трговците кои нема да ги намалат цените на производите кои ги утврди владата ќе добијат соодветна казна.

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска изјави дека биле исполнети сите желби на бизнис секторот поврзани со оваа мерка, затоа инспекциите нема да им прогледаат низ прсти на трговците кои ќе се обидат да ги заобиколат правилата. Утре владата треба да донесе и одлука за намалување на цените на пијалаците.

„Им ја исполнивме желбата, и така ќе биде, во целина ќе се испочитуваат законските одредби и во делот на затворањето но и во делот на забрана на вршење на дејност на одредени компании кои во претходните месеци а посебно сега во овој период би можеле да работат спротивно на законските одредби.“ – рече Бектеши.

Од Стопанската комора пак велат дека надлежните им оставиле краток рок трговците да ги корегираат цените во маркетите.

„Мерката е престрога, драконска, непотребна, предизвикува штети и тоа треба да биде последното нешто кон кое ќе прибегнат институциите. Многу беше кратко времето за кое маркетите можеа да се „престројат“ во однос на намалувањето на цените, особено зашто се работи за околу 1 200 артикли.“ – вели Антони Пешев од Стопанската комора.

Во текот на викендов Државниот пазарен инспекторат затвори неколку поголеми и неколку помали маркети во Скопје, Струга и во Кичево. Трговците заработија вкупна парична казна од околу 70 илјади евра и пломба на дуќаните. Мерката за намалување на цените на неколку стотина прехранмбени производи е на сила веќе пет дена а ќе трае најмалку до 30ти ноември.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content