Субвенција од 80.000 денари ќе добијат домаќинствата ако инсталираат фотоволтаици

39

Министерството за економија годинава со 70 милиони евра ќе ги кофинансира граѓаните при купување и инсталирање на фотонапонски електрани, сончеви термални колектори и ПВЦ и алуминиумски прозорци, информира денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

За фотонапонски централи се планирани 30 милиони денари, за термални колектори ќе бидат наменети 25 милиони денари и 25 милиони денари се планирани за поставување на ПВЦ и алуминиумски прозорци.

– Државата ќе покрие 50% од инвестицијата, но не повеќе од 20.000 денари ако граѓаните постават ПВЦ и алуминиумски прозорци. Со оваа мерка се опфатени 1.200 домаќинства. За поставување на сончеви термални колекторски системи државата ќе покрие 30% од инвестицијата, но не повеќе од 15.000 денари. Со оваа мерка ќе бидат опфатени над 1.000 домаќинства. 400 домаќинства ќе добијат по 30%, но не повеќе од 80.000 денари од инвестицијата за поставена фотонапонска електроцентрала до 6 киловати на покрив-информира министерот.

Тој информира и дека државата ќе ги помогне и жителите на Куманово и Струмица кои сакаат да се вклучат во гасоводната мрежа.

– За диверзификација со енергенси Струмица и Куманово се предвидени пари домаќинствата да се вклучат во мрежата до 70% од трошоците, но не повеќе од 20.000 денари – рече Бектеши.

Тој додаде дека и компаниите кои се одлучиле за инвестиции во енергетски ефикасни објекти или производствени капацитети од енергетиката ќе бидат финансирани преку инвестициската програма.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content