СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Студентите ќе протестираат

Студентите најавија мирен протест пред Собранието за в понеделник во 16 часот.

„Со децении наназад студентот од Македонија е жртва на лошите политики и институционалната пасивност. Крајно време е да се спротиставиме на уништувањето на студентскиот стандард. Затоа, време е за студентски отпор“, велат организаторите на протестот.

Нивните барања се повлекување на предложените измени на Законот за студентски субвенциониран оброк и зголемување на оброкот од 120 на 150 денари. Бараат изедначување на стипендиите со повискиот износ, изземање на студентите од антикризните мерки на Владата за рационализација и штедење на струја, подобрување на условите и итна санација каде што е неопходна во студентските домови.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Прочитај повеќе:
Close
Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
Skip to content