СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Струшките пожарникари го гасат пожарот кај Елен Камен: Нема опасност за викенд населбата

Не постои опасност од зафаќање на викенд населбата Елен Камен од пламените јазици од пожарот што попладнево ја зафати шумата над патот кон струшкото село Радожда, инфорира за МИА командирот на територијалната против пожарна единица – Струга Фети Мазари.

Според него, викендиците се на два километра оддалеченост, а ветрот дува во спротивен правец и го носи огнот кон планината.

Моментално на терен е екипа со едно возило и двајца пожарникари. Поради непристапноста на теренот не можеме да интервенираме. Побаравме помош од Дирекција за заштита и спасување уште околу 13 часот и 30 минути, кога беше пријавен пожарот, но се уште никој не дојде, изјави Мазари.

По пријавувањето на пожарот, на терен излегле две екипи на ТППЕ Струга со шест пожарникари.

Пожарот во полиција бил пријавен нешто по 14 часот, а екипи на полицијата се присутни на терен, потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
Skip to content