СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение

Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза магија, сигурно ќе ви се допадне комедијата Death Becomes Her.

Во врнежливите есенски ноќи, нема ништо подобро од тоа да направите огромна порција пуканки и да пуштите забавен филм.

Доколку немате идеја, погледнете нешто од следниве филмови кои ќе ве внесат во есенско расположение:

Murder on the Orient Express

Снимен според истоимената книга на Агата Кристи, Murder on the Orient Express е забавна крими приказна која постојано ќе ве држи во неизвесност.

Главните ликови се неколку патници на возот Ориент Експрес, а помеѓу нив е и добропознатиот детектив до книгите на Агата – Херкул Поаро – кој треба да реши убиство.

Филмот има одлична актерка екипа што ја сочинуваат Пенелопе Круз, Вилем Дефо, Џуди Денч и Џони Деп.

 

Scent of a Woman

Главниот лик е млад студент кој прифаќа да се грижи за слеп маж бидејќи му требаат пари.

На почетокот, мажот изгледа како огорчен алкохоличар кој не се грижи за ништо, но набрзо поминуваат мошне забавен викенд заедно.

Со Ал Пачино во главната улога, Scent of a Woman е филм кој ќе ви ја промени перспективата за многу работи.

 

October Sky

Филмот е инспириран од мемоарите на Хомер Х. Хикам – познат инженер на НАСА.

Како син на рудар, тој нема многу избор што да прави со неговиот живот.

Но, инспириран од лансирањето на Спутник 1, почнува да се интересира за ракети и, и покрај негодувањата на татко му, станува инженер, а подоцна се вработува во НАСА.

 

Clue

Иако е стар, Clue е забавна мистерија што сигурно ќе ви се допадне ако сакате приказни во стилот на Агата Кристи.

Главните ликови се шест луѓе кои добиваат анонимна покана за вечера во чудна куќа.

Но, домаќинот кој ги викнал е убиен, па тие мораaт да соработуваат со куќните помошници за да ја решат мистеријата.

Во меѓувреме, почнуваат да се случуваат и други убиства во куќата.

 

Practical Magic

Ако порано уживавте во серијата Charmed, сигурно ќе ви се допадне филмот Practical Magic.

Главните ликови се две сестри кои потекнуваат од семејство вештерки.

Тие пораснале со нивните тетки бидејќи родителите им умреле од клетва, а како возрасни пробуваат да се справат со животните проблеми користејќи магија.

Главните ликови им припаѓаат на Сандра Булок и Никол Кидман.

Pitch Perfect

Ако сте расположени за мјузикл што ќе ви го подобри расположението, дајте му шанса на Pitch Perfect.

Главниот лик е девојка која се запишува на факултет каде што, пак, станува дел од женска пејачка група.

 

The Addam’s Family

Филмот за познатото морничаво семејство е совршен за врнежливите есенски денови, дури и ако ви изгледан стопати досега.

Главните ликови се членовите на необичното семејство Адамс кои мора да се справат со заговорот против нив поради кој може да ја изгубат куќата.

 

Rushmore

Главниот лик во забавната комедија на Вес Андерсон е 15-годишно момче, но ова е далеку од тинејџерски филм.

15-годишниот Макс Фишер учи во престижно училиште каде што има многу слаб успех, но затоа, пак, е активен во скоро сите вонучилишни активности.

 

Death Becomes Her

Уште еден забавен филм доколку сакате филмови со доза магија, и тоа со Мерил Стрип и Голди Хоун во главните улоги.

Death Вecomes Her е комедија во која главните ликови се актерка и надежна писателка кои се вљубуваат во ист маж.

Со цел да останат млади, тие пијат волшебна напивка, но сфаќаат дека со ова станале бесмртни.

 

Little Women

Снимен според истоимената книга, Little Women се фокусира на животот на четири сестри од Масачусетс за време на 19-тиот век.

Филмот има одлична актерка екипа што ја сочинуваат ѕвезди како Сирша Ронан, Ема Вотсон и Флоренс Пју.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content