Култура
Стипендии за додипломски и последипломски студии на Универзитетот „Ферлеј Дикинсон“

Универзитетот „Ферлеј Дикинсон“ доделува стипендии за меѓународни студенти кои сакаат да студираат на факултет во рамките на универзитетот во САД или во Канада.
Достапни се стипендии за додипломски и последипломски студии, а повеќето од стипендиите се доделуваат врз основа на академските достигнувања и резултати од тестирања за запишување на студиите.
Пријавувањето за почеток на студиите во јануари трае до 1 декември, додека рокот за студии кои започнуваат во август е 1 јули 2021.
Повеќе информации може да најдете на официјалната веб-страница овде.