СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Даниела Перканоска од Авто Контрол Прилеп, е дел од Марили бизнис клубот на најуспешни жени менаџерки од регионот

За нови 20 членки се збогати Марили Бизнис Клубот,  меѓу кои и Даниела Перканоска менаџер на Авто Контрол Прилеп како една од  најуспешните жени менаџерки што агенција „Марили“ ги избра за 2022 година. Дел од нив доаѓаат од регионот и тоа од Србија, Црна Гора и Хрватска, со цел да се овозможи взаемна поддршка и соработка особено во услови на продолжена криза, водејќи се притоа од мотото „Заедно сме посилни“. Во таа насока Клубот го збогати своето членство со нови искуства на успешни жени од бизнисот излегувајќи и од границите на нашата земја, што беше и една од целите на овој Клуб при неговото формирање. Средбите на членките на Клубот продолжија и во септември во рамки на регионалната конференција за женско претприемништво и женски активизам „Го сакам Балкан“ која се одржа во Приштина, Косово.

МАРИЛИ БИЗНИС КЛУБ (МБК) е формиран на 7 декември 2016 година и во него членуваат жени менаџери што биле дел од изборите за најуспешни жени менаџери кои ги спроведуваше агенција „Марили“ во изминатите 26 години, а има и почесни членки. Клубот има свои симболи, заштитно лого, значка и клуб-картичка за секоја членка.

Членките на Клубот се постојано присутни во сите проекти на агенција „Марили“: Бизнис каталог на Р.С.Македонија, бизнис портал www.marili.com.mk , хуманитарни акции, тематски ден „Дама Да – Здравјето и убавината во функција на современата жена“ и Марили Бизнис Форум.

Во изминатиот период во рамки на МБК, каде се разменуваат идеи и искуства, се одржуваат бројни едукации, предавања и дебати за актуелни економски теми, како и обуки за личен развој гостуваа Милан Јазбец, поранешен амбасадор на Република Словенија во Македонија, Малинка Ристевска Јорданова, член на УО на Институт за европска политика (ЕПИ) и Марина Анчевска НЛБ тренер за личен развој.

Една од целите на делувањето на МБК е и одржување хуманитарни акции од општествено значење и во таа насока досега се одржаа три хуманитарни акции и тоа: акција насловена „Жените за жените“ при што средствата од донацијата беа наменети за купување и донирање апарат за рана детекција на рак на дојка на Клиниката за радиотерапија и онкологија во Скопје, потоа хуманитарна аукција на слики од каде собраните средства беа наменети за купување опрема за ЈЗУ Здравствен дом Прилеп, а во 2019 година беше одржана хуманитарната акција „Дама Да донира“, а собраните средства беа наменети за опремување на Специјалниот завод за лица со посебни потреби во Демир Капија.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content