ССМ објави колку чинела синдикалната минимална кошничка во декември

70

За исхрана и пијалоци се трошат 14.078,27 денари или 41,78 отсто, на домување 10.817,34 денари или 32,10 проценти, на хигиена 2.386,07 денари или 7,08 отсто, на превоз 2.464,22 денари или 7,31 процент, на облека и обувки 2.159,41 денари или 6,41 отсто, на култура 1.066,79 денари или 3,17 отсто, а на одржување на здравје 724,8 денари или 2,15 проценти. Просечната исплатена нето плата во октомври 2020 година изнесуваше 27.899 денари.

Во ноември висината на минималната кошница била 33.742 денари што е за 3.874 денари или околу 63 евра повеќе во однос на две минимални плати и покажува дека две минимални плати не се доволни за да ги покријат основните месечни трошоци на едно четиричлено семејство.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content