Средношколци од Скопје развија 3Д испринтана бионичка рака 30 пати поевтина од постојната

29

17-годишниот Борис Ночески, 17-годишната Анамарија Илиева, 16-годишниот Тео Китановски и 17-годишниот Орхан Бахашов користејки 3Д принт технологија создадле бионичка рака која е лесна за користење и е само 1/30 од цената на моментално постоечките протетики.

Милиони луѓе на глобално ниво страдаат од некаков проблем со горните екстремитети кои можат да го пореметат како физичкото така и менталното здравје и да ги спречат луѓето да си ги вршат секојдневните обврски. Протетички раце и вештачки екстремитети им помагаат во тоа да бидат по независни и да си ги вршат обврските полесно. Секап голем проблем претставува тоа што протетиките се скапи и мораат редновно да се менуваат.

 

„Постоечките бионички раце се тешко достапни, тие чинат илијадници долари, можат да бидат купени во неколку развиени држави и мора постојано да се менуваат особено за млади личности кои растат“, вели Борис кој e ко-основач на еБионикс.

„Ние веруваме дека овие проблеми можат да бидат решени со поинаков пристап до технологијата за бионички раце.“, додава тој.

„ВенусАрм“ е 30 пати поевтина од втората најевтина постоечка бионичка рака. „ВенусАрм“, му дозволува на секој со пристап до 3Д принтер да ја испринта бионичката рака за еден час, користејќи ги инструкциите кои се дадени на веб-страната на еБионикс.

„Нашата „ВенусАрм“ е целосно испринтана со 3Д и користи мускулни сензори за да дозволи флексибилно движење што му помага на корисникот во секојдневниот живот“, вели Борис објаснувајќи исто така дека нивната бионичка рака е прилагодлива за секој.

Бионичките раце земаат сигнали од корисникот од истите мускули кои ја движат и обичната рака додека пак специјално изградени сензори земаат електрични сигнали и ги користат за да ја движат раката.

Во видеото подоле, Маја која за прв пат ја пробува бионичката рака вели дека уште првиот ден после 30 минути откако ја ставила раката ја почуствувала како дел од нејзиното тело. На видеото се гледа како таа ја користи раката за при користење на машина за шиење и возење автомобил.

https://youtu.be/g7ewNSmYMSc

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content