СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Младост 96 и Младост ќе играат за пингпонгарската титула во Македонија

Со полуфиналните натпревари од суперлигашкиот плеј оф, започна разврската во сезоната 2020/21 во пинг понгарското првенство, и освојување на шампионската титула.

Младост 96 против Телеком Нец2 и Шампион ФА против Младост, беа двете полуфинлни двојки, во кои прилепските екипи на Младост и Младост 96 влегоа со предност од 1:0, поради подобриот резултат од меѓусебните дуели во регуларниот дел од сезоната.

Младост 96 без многу проблеми го совлада Телеком НЕЦ 2, со резултат од 4:1 и закажа финале во Прилеп против градскиот ривал Младост.

 

Тимот на Младост во неизвесен натпревар успеа да ги надигра играчите на штипскиот клуб Шампион ФА со 4:3.

За Младост96 две победи извојува Стефан Костадиновиќ, по една победа извојуваа Кристијан Станојковски и Петар Костовски.

Единствениот поен го изгуби Рустемовски од српскиот играч во редовите на Нец2, Милош Миленковиќ. Во екипата беа и Рикалоски и Лашкоски.

Со оваа победа продолжи низата од 20 победи без пораз во оваа сезона за екипата на Младост96. Во недела Прилеп ќе добие шампион во пинг понг.Младост96 влегува со предност од 1-0 во победи и ќе им треба само уште една попбеда од можните две.

Натпреварот ќе се одигра во недела,во Прилеп,но се уште не е одредено во која сала ќе биди финалето на пингпонгарското првенство.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content