СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

Касами знамето го размафта во нова објава наместо да се извини за настанот

Градоначалникот на Тетово, Билал Касами, кој беше организатор на пречекот на косовскиот премиер Албин Курти, не се извини за веењето на знамето со т.н. „голема Албанија“ туку сподели и ново видео каде се гледа чинот, објави Макфакс.

Во видеото од 4 минути, 3 пати се покажува знамето со територијални претензии кон други држави, меѓу кои е Македонија.

Касами, над чија глава такаречи се мафташе знамето на „голема Албанија“, молчи и неодговара на прашањата од Макфакс зошто дозволил истакнување на ваква иконографијата.

Од спотот на Касами се гледа атмосферата од завчерашниот настан, со многу албански знамиња и ниту едно македонско, а се прикажува и колкава масовност имало.

МВР, како што објави вчера, трага по лицето кое го веело знамето. Но, се уште нема информации дали полицијата, која била и на настанот, го открила лицето со знамето на кое делови од териториите на Македонија, Црна Гора, Србија и Грција се преставени како дел од т.н. „голема Албанија“.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content