Со концерт на хорот „Св. Петка” и ансамблот „Пелагонистика” започна манифестацијата „Денови на Крали Марко” во Прилеп

78

Манифестацијата е во организација на локалната самоуправа и се одржува по 15. пат. Се одбележува смртта на Крали Марко, кој живеел од 1335 до 1395, кога е убиен, на 17 мај. Кралството на Марко било со седиште во Македонија, со Прилеп како главен град.

Манифестацијата беше отворена со концерт на хорот „Света Петка“ со вокалниот ансамбл „Пелагонитика“ во црквата „Свети Никола“ во Варош, а денеска од 19.30 часот, Драган и Ратко Даутовски ќе одржат концерт во амфитеатарот кај карпата со лик на слон под Марковите кули.

Деновиве во училиштата, учениците се потсетуваат на песните, приказните и преданијата од народното творештво за Крали Марко, кој иако турски вазал, бил „заштитник на народот“, а во творештвото е претставен како голем јунак. Наставниците потсетуваат и на историските факти за синот на Волкашин, Крали Марко.

– Крали Марко е препознатливост за Прилеп. И туристите кога доаѓаат, меѓу другото, сакаат да ги слушнат приказните, да ја видат тврдината на Марковите кули. Сето значи голема промоција за Прилеп во што треба уште повеќе да се сложува во иднина, вели Снежана Ристеска, советник за култура во прилепската локална самоуправа.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content