Со изложба на маски започна карневалот „Прочка“

11

На традиционалната изложба по повод празникот Прочка беа изложени повеќе од  400 креативни маски изработени од различни материјали од страна на прилепските ученици.

Наградите за најуспешни маски ги додели градоначалникот Борче Јовчески упатувајќи честитки до наградените и порачувајќи дека на еден мошне специфичен и креативен начин со изработка на маски се поттикнуваат младите и се придонесува кон зачувување на традицијата.

Според оценката на жири комисијата овогодинешните изработки на учениците се одликуваат со уникатност и креативност што дополнително влијае врз подобрување на  квалитетот и уметничката вредност на самата изложба.

Централниот настан на Карневалот ќе биде дефилето под маски кое ќе се одржи во недела, а стартот е од пред ЦК „Марко Цепенков. Трасата ќе се движи се до плоштадот Методија Андонов Ченто каде што ќе биде главното претставување со изведена кореографија и музика на секоја маска.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content