Соопштение од црковните храмови во Прилеп за сите кои слават Св. Никола

44

“Браќа и сестри во Христа, наши прилепчани. Поради корона кризата и запазување на мерките и протоколите, пропишани од здравствените работници, ве известуваме дека оваа година, ЛЕПЧИЊАТА ЗА СЛАВА, ЌЕ СЕ ПЕАТ ИСКЛУЧИВО ВО ЦРКВА, како би се запазиле сите безбедносни мерки. Она што беше пракса во домовите на верниците, овој пат ке биде во Божјиот дом – Црквата. За да се избегне било какво групирање, веднаш по доаѓањето во црква, ќе се прережува лепчето посветено на светецот на вашиот дом од страна на вашите парохиски (реонски) свештеници. НА 17 И 18 ТИ, ЧЕТВРТОК И ПЕТОК : СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ ПАРАКЛИС И СВЕТА ПЕТКА ТОЧИЛА ОД 07-17 ЧАСОТ. Нека ни се за многу години и на помош, заштитниците на нашите домови и семејства, и заштитникот на нашиот град Прилеп во ликот на светителот од куќната слава, Светиот Николај чудотворец”.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content