Советот на општина Прилеп ја одржа 10-тата седница

64

Пред советниците на Општина Прилеп на редовната 10 седница се најдоа 35 точки на дневниот ред. Советот донесе одлука за доделување на средства од општинскиот буџет на здруженија на граѓани и фондации, како и спортски клубови во областите од надлежност на Општината. Станува збор за средства во висина од 6 милиони денари, од кои 4 милиони за спортски клубови и 2 милиони за здруженија на граѓани и фондации.

Со мнозинство гласови на денешната седница помина и одлуката за потпишување на повелба за збратимување, пријателство и соработка на Општина Прилеп  со градот Буца од Турција. Советниците дадоа зелено светло за основање Акциски тим во заедницата како и на изменетиот ценовник за отстапување на рекламен простор на автобусите од Јавниот градски превоз на ЈП за ПУП Прилеп.

Членовите на општинскиот Совет ги изгласаа тримесечнот извештај за финансиското работење, годишната сметка и извештајот за работењето на јавното претпријатие  „Пазари“ како и одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на плати за вработените во истото.  Донесена е одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот за 2022 година и Програмата за измени и дополнувања на Програмата за субвенционирање на јавните комунални претпријатија за оваа година.

Од областа на финансиското работење на на  основните и средните  училишта за минатата година советниците водеа најдолга расправа, при што, со мнозинство гласови против, советниците  не ги усвоија Годишните сметки за 2021 год. .

Изгласани беа Одлуката за отпис на расипаните неупотребливи компјутерски системи  и други електронски уреди на ООУ „Круме Волнароски“  како и одлуката за давање на позитивно мислење на Статутот на ООУ „Рампо Левката“.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content