Собранието денеска официјално почнува со работа во новата 2021 година

73

Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе одржи координативна седница со потпретседателите и првите луѓе на пратеничките групи на која треба да се утврдат активностите во текот на оваа недела.

Џафери на последната средба со новинарите на крајот на декември лани, рече дека во текот на оваа недела од јануари ќе се одржат заседанија на неколку заостанати пленарни седници, како и седници на комисии како подготовка на собраниската седница закажана за понеделник 18 јануари.

 

Официјално на веб – страната на Собранието засега се закажани заседание на Комисијата за надзор над спроведување на мерки за следење на комуникации за утре во 13:00 часот, како и 30-тата собраниска седница за в понеделник.

По денешната координативна седница би можело да се знае кога на дневен ред ќе бидат повеќе закони и одлуки од посебен интерес на јавноста, како Законот за попис и изборот на нови членови на Комисијата за антидискириминација и на Државната изборна комисија и други.

Според информации од Собранието, во текот на денешниот ден се очекува да се одржи седница на Комисијата за прашања на избори и именувања на која би се утврдила листата на пријавени кандидати за членови на Државната изборна комисија, која потоа според законот се доставува до партиите коишто треба да се изјаснат кои кандидати ги поддржуваат за членови на ДИК.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content