Слоу Фуд Прилеп на Тера Мадре салоне дел густо

13

Македонија ја претставија педесетина делегати на македонскиот павиљон распространет на сто квадратни метри, а преполн со екслкузивни македонски рецепти и производи. Додека шефовите на Алијансата на готвачи на Слоу Фуд Македонија,  ги подготвуваа највкусните македонски деликатеси, другите наши членови ги анимираа гостите и ги послужуваа со вкусните македонски јадења.

Во петте  програмски денови, Македонија се претстави со тавче гравче, прилепски ширден, валандовски чурек, слатко од диви смокви, макало со лук, специјалитети со артичока, слатко од домати, охидски комат, буковска пипер, мед од Дихово, овчеполско јагне, гостиварски сувоменсати производи, шарпланински овчки кашкавал, сирење, природна козметика, пчелни поризводи, ајвар, македонско вино, домашно пиво, кремови од лешник, масло од лешник…

Уште еднаш се докажа дека македонската храна е ексклузива за светот и дека секој сака да вкуси што повеќе македонски производи.

SlowFood2

Членовите на делегацијата кои доаѓаат од Слоу Фуд Прилеп  достојно го претставија нашиот град претставувајќи ја програмата од проектот Училишни градини кој го модерираше Мерита Кули како и претстаувајќи го прилепскиот  ширден пред публиката. Тодорка Нуамоска Димески, нутриционист и лидер на Слоу Фуд Прилеп, истакна дека ширденот е посебен гастрономски симбол на нашиот град и доби свое претставување, а наиде на коментари на вовоодушевување од неговиот вкус.

  • Ширденот претставува дел од желудникот на младо јагне. Тој дел убаво треба да се исчисти и да се наполни со три видови месо и тоа јагнешко, телешко и свинско исецкани на ситни парченца. Потоа се додава ориз и зачини и треба да се пече околу два часа. Потоа се чека да се излади, добива форма на салама, се сече на подебели парчиња и се сервира. Прилепскиот ширден во Торино, го зготви шеф Димитар Арнаудоски од Алијансата на готвачи на Слоу Фуд Македонија-рече Тодордка Наумоска Димески.

Покрај многубројните производи од цела Македонија, Слоу Фуд Прилеп претстави дел од производите на своите членови како Пчеларство Гвероски, Бавчика, винарија Сарика, домашна природна козметика Мона,  природна козметика Стевија и Здравје од пчела.

SlowFood3

Прилепскиот тим го сочинуваа Тодорка Наумоска Димески, Даме Димески, Гоце Бубмароски и Филип Димкоски.

Нашиот член Филип Димкоски беше и официјален дописник од Тера мадре салоне дел густо за дневниот весник Нова Македонија, а имаше и онлајн учество во програмата на Радио Пела, за да ги пренесе случувањата од Торино.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content