СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Спорт

Словенија подобра од Македонија и во Скопје

Македонската женска репрезентација и на реванш мечот на домашен терен против Словенија беше совладана со 20-27 во рамките на ЕХФ Купот. „Црвено-жолтите“ го запишаа четвртиот пораз, откако претходно ги изгубија дуелите со Црна Гора.

Избраничките на Љубомир Савевски за разлика од дуелот во Целје беа многу подобри во првите 30. минути, но затоа пак паднаа по одморот. Сликата на теренот целосно се промени, па Словенија лесно дојде до целиот плен.

Ристовска со седум гола од девет обиди беше прв стрелец, четири погодоци запиша Гичевска.

Гостинките ја немаа истата комоција, барем во првиот дел, ракометарките не им дозволуваа лесно да поентираат. Најголемата негатива беше три гола 3-6 и 5-8. Пред крајот на првото полувреме по 11-11, кај нас падна темпото.

Словенија со серија од 4-0 на стартот на вториот дел поведе со највисоки четири гола (11-15). Ристовска со седум метри го постигна првиот погодок во овој дел, тешко одеше нападот, нашите девојки грешеа, а за тоа следеше казна, противникот по девет минути игра дојде на плсу шест (12-19).

Македонија не успеа да се врати на оваа средба, имаше и негатива од осум гола 15-23. До крајот Словенија рутински го приведе мечот.

            

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
Skip to content