Синоќа голем пожар помеѓу прилепските села: Боротино, Кадино, Веселчани и Загорани (ФОТО)

47

Силен пожар синоќа избувна помеѓу прилепските села: Боротино, Кадино село, Веселчани и Загорани, при што горела сува трева и стрништа, но пожарот предизвикал паника помеѓу месното население.

На лица место интервенирале пожарникари од ТППЕ Прилеп, како и жители од селата.

Според информациите од терен, пожарникарите успеале да го стават под контрола огнот и за среќа немале потреба од дополнително засилување.

Прашањето е до кога непотребно ќе предизвикуваме како “луѓе” вакви опасности преку палење на сувите стрништа? До кога ваквите сторители ќе се изложуваат и себе и другите во опасност?

Кога ќе надвладее разумот?!

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content