СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Поскапуваат бензинот, дизелот и екстра лесното

Моторниот бензин еуросупер БС-98 од ноќеска на полноќ поскапува за 1,5 денари за литар, а за еден денар дизел горивото еуродизел (Д-Е V) и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на еуросупер БС – 98 ќе изнесува 87 денари за литар, на еуродизел БС (Д-Е V) 77 денари, а 76 денари ќе чини литар екстра лесно. Не се менува цената на бензинот еуросупер БС – 95, односно ќе се продава по 85 денари за литар.

Поскапување има и кај мазутот М-1 НС чија малопродажна цена се зголемува за 0,979 денари за килограм и ќе изнесува 44,776 денари.

Со Одлуката на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,33 проценти во однос на одлуката од 22 месецов.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,940 проценти, кај дизелот за 1,082 проценти, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 1,316 проценти и кај мазутот зголемувањето е за 2,483 проценти.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој се формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,028 проценти, образложува РКЕ.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content