Симон Трпчески денеска ќе одржи концерт во Софија

34

Дел од групата која ќе го одржи концертот, е светски познатиот македонски пијанист Симон Трпчески.

Познатиот бугарски диригент Најден Тодоров ќе диригира на концертот.

 

Трпчески во салата „Бугарија“, освен со Софиската филхармонија, ќе свири и со неговиот сонародник виолинистот Александар Капоски од Операта во Барселона и бугарскиот виолончелист Александар Сомов, кој работи во Филхармонијата во Стразбур.Тие ќе изведуваат троен концерт на Јохан Себастијан Бах.

Според неофицијални податоци на концертот се очекува да присуствуваат министрирте за култура на Северна Македонија Ирена Стефоска и на Бугарија Велислав Минеков.

Во саботата вечерта во Културно-информативниот центар во Софија, Трпчески изведе една од познатите македонски песни.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content