Локално
Силно невреме го зафати Прилеп
Попладнево Прилеп и околината беа зафатени со силно невреме со обилен дожд и грмежи.

По само неколку минути, улиците се преполнија со вода , а силниот дожд предизвика поплавување во пониските делови од градот.
Сеуште не е познато дали невремето предизвикало штета и на земјоделските култури во околните места.